Растот на индустриското производство од речиси седум проценти е забележан во првите шест месеци годинава во споредба со првите шест месеци лани. Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија во јуни годинава индустријата порасна за речиси 15 отсто во споредба со јуни лани. Ова за премиерот Никола Груевски е сериозен пораст во услови кога во Европа се уште е присутна криза, а тоа дава верба дека ќе успееме оваа година да ја завршиме со проектираниот раст од 2 отсто. - Растот во јуни од 15 отсто е многу сериозен пораст на индустриското производство, што покажува една раздвиженост на економијата во РМ, што е и логично со оглед на мала раздвиженост во Европската монетарна зона, односно во Европската унија. Иако, кризата се уште не е завршена во Европа, сепак има одредени позитивни сигнали, кои со помош на нашите реформи, на нашите чекори што ги правиме во економијата, се рефлектираат и тука кај нас. Тоа ме радува, раздвижувањето на индустријата значи и зајакнување на можностите за нови капацитети и за нови извози, а со тоа и зголемен број работни места во земјава - смета Груевски.
Растот на индустриското производство од речиси седум проценти е забележан во првите шест месеци годинава во споредба со првите шест месеци лани. Според податоците на Државниот завод за статистика на Македонија во јуни годинава индустријата порасна за речиси 15 отсто во споредба со јуни лани. Ова за премиерот Никола Груевски е сериозен пораст во услови кога во Европа се уште е присутна криза, а тоа дава верба дека ќе успееме оваа година да ја завршиме со проектираниот раст од 2 отсто.
- Растот во јуни од 15 отсто е многу сериозен пораст на индустриското производство, што покажува една раздвиженост на економијата во РМ, што е и логично со оглед на мала раздвиженост во Европската монетарна зона, односно во Европската унија. Иако, кризата се уште не е завршена во Европа, сепак има одредени позитивни сигнали, кои со помош на нашите реформи, на нашите чекори што ги правиме во економијата, се рефлектираат и тука кај нас. Тоа ме радува, раздвижувањето на индустријата значи и зајакнување на можностите за нови капацитети и за нови извози, а со тоа и зголемен број работни места во земјава - смета Груевски.
За премиерот сите напори и мерки што ги презема Владата се во правец на отворање нови работни места и нови инвестиции. Истовремено старите инвеститори да размислуваат за нови или проширување на своите капацитети, а кои ја раздвижуваат и македонската економија.
Анализата на статистиката гледано по сектори покажува дека прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни годинава во однос на јуни лани, е на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15.8%.
-Главните индустриски групи во годинава, во однос на јуни 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 53.4%, Интермедијарни производи, освен Енергија за 1.9%,
Капитални производи за 67.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.9%, додека опаѓање е регистрирано кај Трајни производи за широка потрошувачка за 19.6% - се вели во статистичкиот извештај.
Статистичарите велат дека расте и бројот на работници во индустријата. Во јуни во однос на јуни лани бројот на работници во индустријата бележи раст од 0,5%, а во првите шест месеци од годинава во споредба со шесте месеци од минатата година има пораст од 0,6%. Најголемиот раст е забележан во секторот Рударство и вадење камен каде во јуни е регистриран пораст од 8,4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,1%.
Бројот на работниците во јуни бележи и пораст кај Енергија за 7,9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,9% и Капитални производи за 6%.
Позитивни оценки за растот на македонската економија веќе најави во своето интервју за МРТ и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој нагласи дека македонската економија веќе има знаци на закрепнување, оти индустриското производство расте, градежништвото оди традиционално добро во текот на овие години, но и извозот е позитивен.
-Сето ова, заедно со интензивирањето на реализацијата на неколку крупни капитални проекти до крајот на 2013-та финансирани во форма на јавни инвестиции, ќе помогне да се реализира предвидениот раст од најмалку два процента-кажа Ставрески.
И Светска банка проектираше раст на македонската економија
Светска банка и Европската комисија веќе го предвидоа растот на македонската економија. Тие во својот извештај Глобални економски перспективи, кој Светска банка го објавува два пати годишно проектирале дека економскиот раст на земјава годинава ќе достигне до 1,4%, в година нашиот БДП ќе порасне за 2,5 %, додека, пак, во 2015 година растот се очекува да изнесува 3,5%.
Позитивни оценки за Македонија предвидува и Европската комисија. Во последниот извештај за растот на европската економија, Комисијата предвидува раст на македонскиот Бруто-домашен производ за 1,5% во оваа и 2% за идната година. Со предвидениот раст според прогнозата на ЕК, Македонија покажува знаци на силна економска состојба и одржливост, што не може да се каже за самата ЕУ, за Еврозоната и поголем број од земјите-членки на големото европско друштво.